Патување

Австралија

Австралија е голем континент со површина од  7.692.024 километри квадратни.  Главен град е Канбера, и покрај тоа што Сиднеј е најголемиот и на сите нас попознат град. Времето во Австралија има две сезони, сува и влажна. Сувата сезона започнува во Мај и трае до Октомври,  а останатите влажни австралиските зимски месеци.  Како и да е, зимите во тропските предели не се толку ладни колку зимите во северните држави. Просечната дневна температура изнесува 20 степени, но ноќите знаат да бидат многу поладни. wsУмерените региони во Австралија се наоѓаат на јужните и југо-источните делови од континентот. Тие ги опфаќаат Тасманија и крајбрежните подрачја на Нов Јужен Велс, Викторија и Јужна Австралија. Австралија нуди различни пејсажи, богата флора и фауна и многу атракции.
Во продолжение ви ги претставувам моите топ 5 дестинации кои морате да ги посетите во Австралија.

Островот Фрејзер

Овој остров се смета за најголемиот песочен остров во светот со површина од 1840 километри квадратни. Островот има дождовни шуми, еукалиптус, шуми, мангрови шуми, мочуришта, песочни дини и крајбрежни тревници.  Езерата кои се наоѓаат на овој остров се сметаат за едни од најчистите езера во светот. pc45-fraser-island-australiaПопуларен туристички предел е Езерото Мек Кензи, кое е лоцирано на копното на малиот град Еуронг.  За овој остров карактеристични се кучињата Динго. Овие кучиња се едни од последните чисти раси на Динго во Источна Австралија и за да се спречи мешање на расата не се дозволени други кучиња на овој остров.

Karijini NP:

Паркот е лоциран во Hamersley во регионот Пилбара во северо-западниот дел од Западна Австралија. Најпрепознатлив е по клисурите, кањоните и водопадите и посетителите имаат можност да пливаат во ладните базени. kn1 Температурата на лето достигнува до 40 степени целзиусови, додека, пак, зимските ноќи се доста ладни.

Whitsunday Islands

Островот е достапен со брод од пристаништето на Airlie Beach и Shute Harbour, како и Hamilton Islands. Глетката е неверојатна а песокот се состои од 98% чист силициум што му дава светла бела боја. Плажата беше наградена за најчиста плажа во Квинсленд, Австралија во 2008 година.

white

Ningaloo Reef

Брегот Нингалу е дел од светското наследство кое се наоѓа во северо-западно крајбрежниот регион на Западна Австралија. Познае е по китовите и ајкулите кои се хранат таму во текот на март па се до јуни. Гребенот е исто така богат со корали и други морски животни. ninВо текот на зимските месеци, гребенот е дел од миграциските рути за делфини, китови и други морски животни.Освен Големиот корален гребен, Нингалу не е толку преполн со туристи. Тоа е причината зошто јас го преферирам овој гребен.

nin1

Great Ocean Road 

Големиот океански пат започнува во Torquay и патува 244 километри западно да заврши во Allansford во близина на Warrnambool, најголемиот град долж патот. Патувањето преку овој пат овозможува пристап до неколку познати знаменитости, вклучувајќи го и варовникот на Дванаесетте апостоли. Исто така, на овој пат можете да сретнете и коали.

fraser_island

Се надевам дека текстот ви остави убав впечаток за Австралија. Доколку имате можност да одите таму и да ја истражите оваа прекрасна земја ви ветувам дека ќе си поминете најубаво!

Автор: Патрик Циммерман

преведе: Ангела Рајчевска

Advertisements

Categories: Патување

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s