“FEW + MORE = INCLUSION” претставува името на младинската размена која брои 47 млади луѓе од 9 Европски земји меѓу кои Франција, Шпанија, Естониа, Полска, Романија, Туција, Кипар, Хрватска и домаќинот Македонија кои дискутираа заедно на повеќе теми поврзани за младите луѓе со помалку можности и нивната инклузија во општеството како и креирање нови креативни и иновативни идеи за подигнување на свеста за присуството на луѓето со помалку можности (со акцент на луѓето со попреченост) во нашето општество.
На проектот беа вклучени млади од различни категории, економско – социјални ранливи, млади со оштетен вид и слух, даунов синдром, аутизам, церебрална парализа и останати попречености како и стручни млади дефектолози, младински работници, социјални работници и психолози.
На седумдневната размена која се оддржа во Струга од 18ти до 25ти Април учесниците имаа можност да ја подигнат свеста за луѓето со помалку можности во нашето општество (со акцент на луѓето со попречеснот). Тие беа вклучени во поттикнување на меѓукултурниот дијалог помеѓу луѓето со помалку можности, доаѓајќи од различни европски земји, имаа простор да ги искажат своите идеи,
нивното видување и чувства, во безбедна средина тие работеа на “кршење“ на стереотипите , табуата и предрасудите за различните категории на луѓе со помалку можности исто така учесниците имаа можност да дискутираат, споделуваат мислења и навистина да го разберат значењето на зборот “помалку“.
Со организирање на локални акции како на пример флешмоб и анктерирање на локалното население во центарот на Струга учесниците работеа на подигнување на свеста на локалната заедница и поттикнување да го разберат терминот “помалку“ и “инклузијај“.
Овој проект е организиран од страна на Волонтерски Центар Скопје и Здружението Ангели од Сплит, Хрватска(Udruga roditelja za djecu najteze tjelesne invalide i djecu s teskocama u razvoju Andjeli) со поддршка на Еразмус+ програмата на Европската Унија.
Leave a Reply