Во периодот од 30 април – 6 мај 2017 година, претставници на Волонтерскиот Центар Скопје присуствуваа на тренинг курсот: Freedom of learning, кој се одржа во Рига, Латвија како дел од Еразмус+ програмата на која присуствуваа 24 учесници од 8 земји и тоа: Латвија, Италија, Шпанија, Словачка, Полска, Романија, Македонија и Португалија. Една од главните активности на која беше посветено особено внимание беше дислексијата, образованието на лицата со дислексија и можностите за нивно кариерно унапредување.
Дислексијата претставува специфична тешкотија при читање, пишување и спелување во услови кога видот и слухот се со нормална функција и во услови на вообичаени инструкции за читање дадени од наставникот или од родителот. Дислексијата не е појава која е видлива и која можете да ја препознаете додека разговарате со индивидуата што ја има. Алберт Ајнштајн, Томас Едисон, Исак Њутон, Александар Бел, Стив Џобс, Бил Гејтс, Џон Ленон, Ернест Хемингвеј, Винстон Черчил, Том Круз, Селма Хајек се само дел од познатите личности во историјата што имале дислексија.
Во рамки на активностите беше одржана посета на центарот за рехабилитација: „Upesleju internātpamatskola – rehabilitācijas centrs“ кој воедно претставува и училиште/интернат за деца во рамки на чиј комплекс функционираат градинка, основно и средно училиште, со специјално опремени простории за различни активности: физиотерапија, солена соба, програм за домаќинско работење, преработка на дрво, релакс соба за деца со аутизам и сл. Центарот за рехабилитација кој годинава го одбележува својот 40-ти роденден е позитивен пример за грижа на општеството кон оваа категорија на деца, обезбедувајќи им соодветни услови за понатамошен развој и полесно адаптирање во општеството.
Мислам дека е многу важно да се запознаат младите луѓе со дислексијата. Дислексијата е широко позната, но сеуште не се подражбира како специфична попреченост во учењето. Некои млади не можат да ги разберат своите или проблемите на пријателите. Овој курс го подразбираме како врсничка едукација за едукатори – луѓе од различлни земји кои во своите организации ќе ги проследат знаењата и алатки за работа кои придонесуват до намалување на дислексијата или пак го олеснуваат животот на лицата со дислексција, нагласи г-ѓа Инара Клавина, член на одборот на Латвиската Асоцијација на Логопеди – најголемата професионална асоцијација на логопеди во Латвија и член на одборот на Асоцијацијата „Училиште за здрав развој“ од Адажи, Латвија.
Како дел од проектот учесниците изработија прирачник со најдобрите практики за врсничка едукација (peer education) со цел покренување на свесноста кај луѓето за дислексијата и за останатите специфични јазични нарушувања. Во прирачникот сублимирани се и проектните активности кои учесниците специјално ги дизајнираа со цел интегрирање на таквите лица во активности преку кои тие на забавен начин, ќе учат и ќе се надоградуваат.
Михајло Донев

Leave a comment