
Постојат фудбалери кои што не се само фудбалери, чијашто личност го надминува фудбалското игралиште. Постојат приказни во фудбалот, кои што одат многу подалеку и навлегуваат помеѓу легендите. Една од овие приказни е приказната за Франческо Тоти, кој целата своја кариера ја помина во Рома, каде што беше најдобар стрелец и освојувач на голови.

Без дилема Тоти е фудбалер со голем талент. Тој е најдобар стрелец помеѓу активните играчи во серијата А, и втор најдобар фудбалер на сите времиња во Италијанската лига во историјата со постигнати 250 голови. Но легендата за Тоти не е поврзана само со неговите технички способности. Постојат и други талентирани фудбалери низ историјата, и ќе продолжат да постојат. Има и други фудбалери кои ја поминаа целата своја кариера играјќи за еден тим.

Она што го издвојува Тоти од другите е тоа што за разлика од Дел Пиеро и Малдини, со одлуката да остане во Рома тој се откажа од најважното нешто што фудбалерот може да го има: победата. Тој сакаше нешто уште поголемо: безусловната љубов на неговите луѓе. Тоти е нежен херој, гол крал. Тој ја персонифицира унијата помеѓу огромното и трагичното. Со одлуката да остане во Рома тој ја прифати можноста за загуба. Тој оствари огромни предизвици, и повторливо доаѓаше толку блиску до победата, но ретко кога успеваше. Во неговата долга кариера, ја освои серијата А, две титули во Италијанскиот куп, и две титули во супер купот на Италија.

Со италијанскиот национален тим го освои Светскиот куп во 2006 година. Луѓето постојано го прашуваат Тоти зошто никогаш не го напушти Рома во потрага по трофеи. Тој одговара: израснав играјќи за Рома и сакам да умрам играјќи за нив, затоа што бев нивен фан. Рома е мојата фамилија, пријатели, и луѓето кои ги сакам. Рим е морето, планините и спомениците.

Овој клуб, овој град е мојот живот. Љубовта која ти ја пружи Рим, ниту еден град не може да ти ја даде. Да освои еден трофеј играјќи со својот тим за него изгледа како да освои 100 трофеи на друго место. Тој имаше понуди. Реал Мадрид дојде но беше културно избркан. Манчестер Јунајтед ја проба својата среќа во 1999 и 2000 со Алекс Фергусон зборувајќи отворено за неговата восхит кон талентот на Тоти. Секако, тој можеби ќе победуваше многу повеќе но дефиницијата за успех е субјективна.

Тоти им поклони многу повеќе на луѓето од Рим што еден трофеј некогаш ќе може. Тој им подари лојалност и надеж. Тој им подари шанса да ја проживеат секоја игра преку човекот кој луташе на истите улици кои лутале и тие како мали. Најважно од се, тој си го сочува својот идентитет. Ова е најдоброто од Франческо Тоти со тој тим, неговиот тим. Се уште не сме сигурни што ќе правиме почнувајќи од утре. Можеби менаџерот, можеби тој ќе продолжи да игра фудбал, најверојатно во Мајами. Но што е важно? Во нашата фантазија, Франческо Тоти засекогаш ќе носи жолто-црвен дрес. Што и да прави. Каде и да е.
Автор: Игор Џиаманко
Преведе од англиски јазик: Емилија Апостолова

Leave a comment