На 1ви јуни 2017, Волонтерски Центар Скопје организира уште еден Language Cafe (Јазично Кафе) заедно со ЕВС волонтери од земји како Италија, Турција, Германија, Франција, Шпанија, Полска.
Сите посетители имаа можност да се се запознаат со меѓународните луѓе, да зборуваат, практикуваат или изучат на основите на наведените јазици. Исто така, можност да се дознае повеќе за културата, традициите и сите карактеристики на земјите.
Како фотограф на ова издание на за Language Cafe, имав можност да ги посетам сите маси – земји и да се почуствува како како се движи и како е весела атмосферата. Посетителите навистина уживаа да практикуваат она што тие го научиле пред да се, среќни да ги користат своите знаења, исто така, се здобија со совети како омилениот јазик да се подобрат и зборуваат како мајчин јазик.
Подоцна почна да врне и тоа не донесе уште поблиску заедно. Половина од луѓето се собравме и седевме на еден место каде споделувавме заеднички културните шеги, патувачки искуства. Можете да замислите како е кога Македонци, Турци, Пoлјаци, Шпанци, Индици сите заедно разговараат и се забавуваат, НЕОПИСЛИВО!
Со ова издание на Language Cafe ја затвараме летната сезона и повторно ве очекуваме на Language Cafe во септември. Не го пропуштајте следниот пат .;)

Јазикот е специфичен културен светски феномен. Секој јазик на светот е уникатен, важен и мора да се зачува, бидејќи тоа е духовна и материјална одраз на една култура.
Автор: Лаура Бабаитуте


Leave a comment