
Многу луѓе во светот не се задоволни со својот живот, што е една од причините зошто секогаш сакаат да имаат некоја цел во нивниот живот. На овој начин, тие мислат дека оваа ‘цел’ ќе им донесе среќа. Всушност, од една страна, целта може да биде убава и помошна работа која помага да се добие волја, а од друга страна пак, ако оваа цел стане ваша страст тоа значи дека е надвор од патот и се формира во нешто друго. Кога се има страст кон нешто, во нас расте едно чувство кое бара и бара повеќе и похота по сè што мислиме дека не прави среќни. Но, тоа ќе трае, се додека некој не рече СТОП. Инаку ќе биде бескрајна жед. Значи, луѓето се веќе среќни, но го забораваат тоа. Ние не треба да се присилуваме да бидеме среќни постојано. Една од најголемите препреки за мир во нашиот живот е вложувајќи се во иднината со цел да се здобиеме со среќа и поради тоа пропуштаме момент во сегашноста. Многу луѓе несвесно живеат во таа стапица поради размислувањето за следните чекори. Толку пати размислуваме како “Јас би сакал да бидам таму или во близина на морето”- ова е мисловен концепт кој бара среќа, но речиси никој не вели “би сакал да бидам тука”. Ајде да признаеме дека тоа е така како што е.

Многу луѓе се заглавени во континуиран, монотонен, животен круг кој вбројува работа, шопинг, плаќање, заем, заработувајќи, губејќи и повторно заработувајќи, натпреварувајќи се меѓусебно и така натаму.
Ајде да го промениме нашиот живот, да се одмориме некое време и да излеземе од овој непрестаен круг. Ајде да направиме нешто што немавме храброст да го направиме порано. Ајде да ја откриеме суштината на самите себе, без никакво влијание од етикети и концепти.
Автор: Угур Догуш


Leave a comment