Ве покануваме да ни се придружите на работилницата за авторски права, лиценцирање, истражувачко новинарство, дизајнирање и развивање идеи за статии што ќе се оддржи во вторник – 26 септември (17.30 – 19 часот) и среда – 27 септември (17.30 – 18.30 часот).
Магазинот ВОИСЕС е отворен за нови пристапи, нови пишувачи, всушност, за сите што сакаат да го изразат своето мислење и притоа да комуницираат со луѓето од целиот свет. Овие два дена ќе ви пружат можност да научите нешто ново за темите поврзани со медиумите, пишување и подготовка на квалитетни текстови.
Прв ден, 26 септември: Предвидена е работилница околу начинот на кој што треба да изгледа еден новинарски производ.
Втор ден, 27 септември: Предвиден е за состанок околу Воисес, на кој ќе дискутираме за индивидуалните идеи (секој треба да подготви мини синопсис за тоа што планира да го пишува) за следното издание на магазинот.
На линкот подолу можете да најдете дополнителни информации за настанот:
Се надеваме на средба наредната недела,
Со почит,
Тимот на ВОИСЕС