Едукација

Младинска размена во Романија “Get Empowered, Get Employed”

1Здраво. Нашите имиња се Аритон Бајрами и Амир Џелили, а следува резимето на нашиот неверојатен престој во Бајле Туснад како младински работници. Бевме избрани и испратени во оваа програма од нашата локална организација во Скопје: Волонтерски Центар Скопје.

“Get Empowered, Get Employed” беше името на проектот во рамките на програмата Еразмус + и ја опфати Клучна акција 1. Се одржа во Баиле Туснад, Романија, а имаше триесет учесници од различни земји од Европа. Тоа беше фантастично искуство и за нашиот општествен и академски развој, бидејќи програмата опфати различни теми и се осврна на сериозните проблеми со вработувањето со кои младите денес се соочуваат на пазарот на трудот.

Нашиот престој во градот Баиле Туснад беше извонреден. Појадокот секогаш се служеше на време, така беше и за ручек и за вечера. Заедно со вкусните оброци, имавме кафе паузи. Храната и пијалоците беа достапни во секое време и немаше недостиг од закуски; а, и не можеме да се пожалиме за нашето сместување. Се разбира, оброците, пијалоците и закуските не беа единственото нешто во што уживавме. Малиот, но шармантен град Туснад беше прекрасно изненадување, има многу атракции и скриен потенцијал. Сепак, ние не отидовме таму за да патуваме или да јадеме локална и интернационална храна. Бевме младински работници во програмата “Get Empowered, Get Employed “.

Темата на оваа програма беше навистина предизвикувачка, бидејќи многу луѓе денес, без оглед дали се младински работници или дипломци, се соочуваат со проблемот да се вработат. Меѓународната атмосфера на програмата значеше дека темата беше значително проширена на меѓународниот пазар. Се занимававме со теми и се запознавме со методите и практиките, учевме за важноста на неформалното образование, кое, исто така, беше централна тема за програмата и стратегиите и методите за понатамошно зајакнување на нашите вештини со што би си ги зголемиле шансите за вработување на пазарот на труд. Другите активности вклучуваат градење на нашите лидерски компетенции и како да се биде подобар тимски играч.

3Во принцип, ние уживавме во програмата, и користа од другите учесници во програмата, како и од високо подготвените обучувачи кои работеа со нас. Тоа беше незаборавно искуство и ние ги охрабруваме другите младински работници, па дури и оние кои се на студии да учествуваат во такви програми, бидејќи се вредни за нашиот раст како човечки суштества, па и за нашиот развој како студенти, односно младински работници.

Аритон Бајрами
Амир Џелили

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s