Кој би знаел дека иако летото заврши, сите завршивме вовлечени во топли ќебиња и зимски јакни, додека посетувајќи ја Турција, за мое изненадување влегов во море. Мерсин, град кој се наоѓа на јужноисточниот дел од Турција, блиску до сириската граница. Градот во кој блескаше сонцето, пиејќи пијачки со убаво друштво откружени со добра музика и поминувајќи го времето во игра и танцувајќи наоколу, градот каде брановите тивко плискаа во брегот на најгостопримливото место не само на туристи, дуку и бегалци. Дојдовме, видовме, научивме, истраживме, искусивме, уживавме, запознавме нови и прекрасни луѓе и направивме животни искуства.
Го посетивме и Истанбул, милионерскиот град кој е енергичен и див, уживавме во неговата убавина и историја која беше прикажана. Времето кое го имавме го искористивме шетајќи дури и пловејќи по Босфор. Додека подоцна здружени 7 држави, споени на феноменално место во мал мотел на самото крајбрежје споделивме и се здобивме со искуства, научивме за нашите сличности и разлики и ѓи почитувавме. Турција, Италија, Унгарија, Грција, Словачка, Обединетото Кралство и Македонија, интересна спојка нели? Нови луѓе, нови карактери, нови енергии кои зрачеа од секој од нив го направи овој проект уште поинтересен. Со заеднички, а на моменти и спротивни сили, мислења, дискусии се справувавме со проблемите на глобално ниво со бегалците и мигрантите. Се запознавме со ситуациитедетално во секоја државаи начинот со кој владата ги решава. Имаше и жални, збунувачки, дури и смешни моменти и решенија како затворање на границите, правење видеа за пропаганда во која владата силно верува. Затоа сите бевме наметнати со длабоко размислување како да ги решиме на поразумен и соодветен начин. И ако не моземе да ги решиме, бар да помогнеме некако преку тоа да ги освестиме другите безопасните бегалци.
Бегалците го држат тој статус на луѓе кои биле натерани да ја напуштат својата држава избегнување војна, прогон, природна катастрофа или било каква закана која би претставувала опасност за нивниот живот, и покрај тоа тие се луѓе и секогаш и ќе бидат. Ако тие не си помогнат сами на себе, нема кој. Сите потекнуваат и имаат свои фамилии, но тие невино страдаат и прават промени во својот живот засекогаш и се справуваат со безсмислени процедури и малтретирање за кои не се должни да го трпат. Тие се борат за подобар живот, како и секој од нас! Една необична задача ни беше дадена на проектот. Ни беа дадени улоги да бидеме фамилија бегалци кои треба да поминат низ процедурата за asylum потврда. Вежбата траше повеќе од 3 саати! Улогите кои ги играа стражарите беа дрски и нечовечни, темелно распрашување од страна на полицијата, психолозите, докторот, едукативниот офицер… Според мене, сите осетивме на своја кожа колку е тешко да си бегалец и да бидеш во таа положба. Им завидувам и им симнувам капа на бегалците за храброста, трпението како и желбата да успеат во нешто, иако ја оставиле својата држава и се насочуваат кон нешто ново, непознато каде што голема препрека може да е менталитетот на луѓето, нивните размислувања и судење, пристапот на владата, можностите кои државата може да им ги пружи, другиот јазик, образование, вработувањето, и голем број на пречки кои можат да се појават на стрмниот пат по кој тргнале. Но патот кон успехот никогас не е рамен. Затоа целиот проект беше посветен да се освестиме, да ги освестиме другите, да ги информираме и да помогнеме. Последниот ден од проектот го посетивме училиштето во кое учат сириски деца бегалци кои поминале низ сето ова и не пречекаа со широка насмевка и прегратки повредни од се. Ќе речеш тие се само деца, али имаат преживеано и видено многу повеќе од некоја возрасна личност. Тие имаа насмевка која криеше илјада солзи. Дружељубиви и мили.
Градоначалникот на градот беше многу благодарен на нашето разбирање, почитување, нашиот труд и учество во овој проект. И секако секој Ерасмус проект ги држи најјаките традиционални вечери исполнети со смеа и забави кои никаде неможат да се најдат на друго место. Ние дури и направивме логор на плажата и правевме музика со некој вид на удирачки инструмент, само онака за забава. Сите се прифативме едни со други како исти, играјќи како деца, пеејќи, танцувајќи, лудувајќи и уживајќи во секој момент од нашиот престој.
Го посетивме и познатиот Киз Калеси кој го истраживме искачувајќи се по ѕидовите на замокот, уживајќи во морскиот ветер и најјакото друштво што можеше да се спои. На крајот како што велат, ,, СЕ што е убаво, кратко трае”. Дојде денот кога се збогувавме, и покрај прегратките упатени со љубов и тага истовремено, останавме во контакт со некои повеќе, некои помалку. Чувствувам дека овие пријателства ќе останат доживотно.
Затоа луѓе, STOP FEELING SORRY, START ACTING! Немојте да се каете за нешто што не сте го направиле, а сте го сакале. Учествувајте во се, зграбите ги шансите кои ви тропаат на врта, запознавајте, дружете се, пробувајте нови работи и бидете дел од Еразмус проектите. Можеби несвесно можете пројатно да бидете изненадени и научите многу повеќе од тоа што сте очекувале. Правете се што ќе ви дојде на памет, животот е краток, борете се за тоа што верувате и сакате исто како што го прават овие невини бегалци.
Автор: Кристина Лукановска
Leave a Reply