Прочитајте ја романтичната приказна за Лендеж од Јужна Африка и Јани од Македонија.
Нивната приказна можеби е скрипта за романтичен филм, но е уште подобра бидејќи е вистинска. Нејзиното име е Лендеж. Неговото име е Јани. Таа е од Јужна Африка. Тој е од Македонија. Веќе звучи интересно? Прочитајте повеќе …
Тие се сретнаа за првпат на 29 јануари 2013 година на бродот за крстарење, каде што Јани работеше како менаџер во казино. Од првиот момент Јани сакаше да се запознае повеќе со оваа мистерија, која го привлече вниманието толку интензивно. Како и во многу романтични приказни нивниот прв разговор беше малку незгоден. Но, тие имаа можност повторно да се сретнат на скалите, во последниот ден на крстарењето. Овој пат разговорот беше повеќе пријателски и пријатен. На крајот на разговорот, Лендеж му ја даде нејзината е-маил адреса за да го задржи контактот со него. Јани не се двоумеше премногу долго за да ѝ напише. Одговорот дојде по три дена кога Лендеж се врати во нејзиниот дом во Јоханесбург. И тогаш машината започна да работи… Пишувајќи писма секој ден, запознавање, пријателство и конечно заљубување.
„Дали е вистинската љубов? Кажуваме те сакам преку е-пошта, но ние се сретнавме само еднаш…”, се прашуваа.
Двојката испрати 360 пораки еден на друг, се сеќаваат на точниот број до сега. Двајцата се навикнаа на дневни пораки, не можеа да започнат и да завршуваат ден, без да ја прочитаат поштата од љубената личност. Следна можност да се состанат беше почетокот на март во Дербен, Јужна Африка. И уште еднаш, во Кејптаун. По два месеца разделба конечно се сретнаа во Европа. На патот кон одмор се соочија со некои проблеми, но ги надминаа. Заедно патуваа низ Европа, ја посетија Шпанија, Франција, Италија, уживајќи секој ден во убавината на местата. Овој краток одмор само им потврди колку голема е моќта на нивната љубов и тие можат да сметаат едни на други, дури и во тешки ситуации. Сепак, двојката мораше да чека уште еден состанок, овој пат по речиси три месеци. Во меѓувреме, Јани веќе го купи прстенот и испланира сè. Тој и предложил брак на Лендеж на местото каде што првпат се бакнаа. Имајќи поддршка од други гости, кои повикуваа “кажи да!”, Лендеж не можеше да даде друг одговор.
Поминаа само неколку недели откако се венчаа, а истекуваше рокот на траење на документите на Јани. Повторно разделени? Во последно тие сакаа постојано да се заедно. Денот на свадбата беше луд, немаше време за фризер, за информирање на семејството, организирање бендови. Само тие и блиски пријатели што им беа нивни сведоци. Лендеж го зеде првиот, темно-син фустан кој дојде до нејзините раце. Се изненади кога виде дека и Јани има костум во иста боја. Овој ден стана уште посебен. Тоа беше септември 2013 година, неколку месеци откако се запознаа на бродот.
И двете семејства го прифатиле мешаниот брак без проблеми. Четири години живееле заедно со синовите во Јужна Африка. Поради лични причини, тие одлучиле да дојдат во Македонија оваа година. Првично само за обид, но веќе 7 месеци поминаа откако стигнаа во Скопје. Кога ќе ги споредат животите во двете земји, една од најважните работи е безбедноста. За жал, Јужна Африка е позната по високи стапки на криминал и секогаш треба да внимавате на улиците. На Јани не му беше лесно, но со текот на времето се прилагоди на специфичниот карактер на земјата.
Живеењето во Македонија сигурно е предизвик за семејството, особено за Лендеж, кои никогаш порано не биле тука. Првата работа што ја забележа и најмногу изненади е нискиот економски развој на земјата. Уште повеќе, постојат тешкотии при разбирање со локалното население, кое се мачи со англискиот јазик, а таа со македонскиот. Но, Лендеж не се предава, има амбиции да го совлада мајчиниот јазик на нејзиниот сопруг.
Од друга страна, она што ја освои Лендеж е гостопримството и љубезноста на луѓето овде, нивната подготвеност да помогнат и почитувањето. Процесот на адаптација сѐ уште трае, но семејството е подготвено да учи. Опкружени се со луѓе што ги сакаат, па процесот станува е многу полесен.
Конечно, кога ги прашав за тајната на среќен брак, тие се погледнаа во очите и двајцата се согласија дека суштинските карактеристики се трпение и компромис. Дури и ако времињата се тешки, не треба да заборавите на љубовта кон личноста што сте ја одбрале и да ги негувате чувствата што ги имате секојдневно. Јани и Лендеж еднаш рекоа дека чувствуваат дека нивниот брак трае веќе 30 години, бидејќи тие знаат сè за себе. Ништо друго не останува отколку да им посакам среќа уште најмалку толку години заедно.
Паулина Голебиовска
Leave a Reply