Триесетина млади „мигрираа“ во Шведска

Помеѓу 11-ти и 19-ти декември, триесетина млади ентузијасти „мигрираа“ во Лимаред, Шведска. Младите „мигранти“ побара „привремен азил“ на Еразмус плус тренинг курсот „Младинска работа за интеграција на мигранти“. Дел од „мигрантите“ кои ги проширија своите знаења и научија многу позитивни практики за миграцијата и заштита и поддршка на мигрантите беа и претставничките од Волонтерски Центар Скопје, Ана Михајловска, Александра Крстевска и Ангела Рајчевска.

На овој тренинг учесниците осознаа дека мигрантите и бегалците не се само луѓе кои што бараат помош, туку дека токму тие се способни да придонесат кон едно хармонично и одржливо општество. Тие научија како да бидат толерантни, отворени и да иницираат социјална инклузија, интеграција и почит кон човековите права.

49461820_2034683093275828_3858158358808756224_nТренингот беше исполнет со многу интересни активности помеѓу кои беа и работилниците на кои самите учесници ја имаа улогата на предавачи. Тогаш, младите поделени во неколку групи подготвија интерактивни и едукативни сесии поврзани со интеграцијата на мигрантите во кои ги опфатија своите сознанија и можни решенија на проблемите со кои се соочуваат овие луѓе.

Дел од тренингот беа и Интеркултурните вечери кога учесниците имаа можност да научат нови работи за присутните интернационални култури, како и да вкусат дел од специјалитетите на неколку Европски држави.

Со огромна доза на мотивација, по „привремениот азил“, 30-те „мигранти“ од Бугарија, Грција, Германија, Велика Британија, Унгарија, Турција и Македонија се вратија во своите држави подготвени да станат активни и продуктивни членови на нивното општество.

Анѓела Рајчевска

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: