[MK] NEET: not in employment, education or training

“NEET – not in employment, education or training” означува кратенка односно ознака за младите кои не се во системот на образование, не работат или не посетуваат курсеви за нивно унапредување во општеството. Кратенката “NEET” означува проект кој што е имплементиран во неколку држави во Европа финансиран од страна на Erasmus+ – програмата за мобилност со цел подобра интеграција на “NEET” групата на млади поради зголемената соработка на младинскиот сектор со различни институции на национално и локално ниво.

IMG_6846

Дефиницијата за “NEET” ги вклучува невработените млади лица кои не се во некаква обука и образование т.е. младите лица кои не се активни. НЕЕТ групата на млади се одликува со четри карактеристики: пол, образование, средина на живеење и активност. Истражувањата покажаа дека поголема е стапката на “NEET” млади со средно образование и ниски стапки на “NEET” со високо образование. Средината на живеење влијае со условите кои ги поседува така што младите во Македонија кои живеат во градови е помалку веројатно да станат “NEET” наспроти младите од руралните средина и предградијата. Кога се работи за полот доаѓаме до информации каде што младите жени е поверојатно да се ниту вработени, ниту во образование, а ни во обука што комплетно припаѓаат на групата “NEET”. Околу 25,7% од машката млада популација во Македонија наспроти 35,7% од женската популација припаѓаат на “NEET” групата.Според активноста младите “NEET” од женскиот пол е поверојатно да се неактивни, додека младите “NEET” од машки пол е поверојатно да се невработни. Генерален заклучок е дека младите од женскиот пол е поверојатно да станат “NEET”. Во Македонија 4 од 10 девојки се “NEET”. Ризик факторите кои исто така имаат влијание за стапување во групата “NEET” се: социо-економската позадина, образование на родителите, интересите на родителите за образованието на детето, местото на живеење и степен на образование на детето. Степенот на образованието на детето е една од клучните причини за станување дел од “NEET” групата. Процентот е најголем кај младите кои прерано го напуштиле образованието и кај тие што имаат завршено само средно образование. Најчестите одговори се дека не се вклучени во моментов во образовен процес поради тоа што го завршиле своето образование, но не се задоволни. Исто така многумина испитаници одговориле дека немаат доволно финансиски средства за запишување во процесот на образование. Неколку од клучните заклучоци се дека младите во ситуација на “NEET” имаат релативно добра образовна програма, никогаш не биле вклучени во обука, никогаш не биле вработени да ја препознаат потребата за понатамошно запишување во образование и обука, би сакале да најдат работа, знаат како да добијат информации за образование но не и обука, најчесто преферираат лични состаноци и онлајн пребарување за да ги добијат информациите, знаат да користат интернет – имаат интернет дома и ИТ уреди, имаат можности за патување но не можат да си дозволат самостојно да ги плаќаат патните трошоци и имаат ограничено знаење за користа од различни инфо-алатки.

nathan-dumlao-541944-unsplash

Според ова можеме да заклучиме дека младите имаат квалификации да почнат со работа, да се унапредат или да се вратат во образовниот процес но не се доволни информирани.

Младите можат да се информираат лице во лице што според истражувањата се има покажано дека е најефективен метод, СМС пораки, јавни настани, “PEER TO PEER” – или кога младите повеќе сакаат да слушаат за искуства од нивните врсници отколку да им се каже што да прават. Исто така постојат и онлајн и офлајн методи. Онлајн методите се преку различни форуми, сајтови или контактирање преку e-mail, додека пак офлајн методите се преку неформални предавања, младински размени, тренинг курсеви и волонтирање преку разлини акции.

Давид Стоилковски

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: