Јапонија – посета на друга планета?

Да се посети Јапонија е исто како да отпатувате на друга планета. Јапонците се толку поразлични, необични, мислам, само погледнете го филмот Аниме, нели: Па какви се Јапонците навистина?“

Вакви се воглавном забелешките што најчесто можете да ги слушнете за Земјата на изгрејсонцето. Јапонија има силно културно влијание преку самураите, месечината на морнарите или сушито. Така повеќето луѓе имаат некаква идеја или замисла за тоа каква е Јапонија или Јапонците. Основата на повеќето овие идеи и стереотипи е дека Јапонија е чудна, различна, друга планета. Воглавном не е во негативен контекст бидејќи размислувањата околу Јапонија како забавна и интересна или од друга страна префинета и културна, светилник на Источната мудрост. Сепак сите овие стереотипи забораваат дека Јапонците не живеат на друга планета туку се само луѓе како сите нас. Луѓе, соочени со сите основни емоции, проблеми и животни предизвици.

Во овој текст би сакал да го претставам јапонското општество во ново светло. Она што следи се лични импресии и размислувања, субјективни и не многу убедливи. Сепак се надевам дека ќе пренесам некои идеи и впечатоци од ова далечно и не така различно општество.

japan-paper-lantern-stairs-96423

Токио секако изгледа како да е од друг свет. Прошетајте околу Шибуја навечер, загледајте се во блескавите светла на продавниците, огромни реклами колку куќа и следете ја бескрајната река од луѓе по Шибуја преминот. Ова е сосема спротивно од традиционалниот лик на Јапонија. И не така далеку од Шибуја е Меиџи храмот, оаза на мирот сред разиграниот град. Скоро се вообичаено се појавува беспрекорно чисто и уредно. Луѓето се учтиви и чекаат на ред. Во позадината на ова се строги норми кои ја регулираат секоја ситуација во ова прилично традиционално и хомогено друштво (како и, најверојатно, добро опремена градска служба за хигиена).

Според моето искуство ова строго ориенирано регулирање оневозможува да се проникне подлабоко во друштвото. Но еднаш штом ќе навлезете во поблиски релации со луѓето тие можат да бидат многу љубезни и срдечни.Како нивни гостин тие ќе се обидат да направат се за ништо да не ви недостига и да се чувствувате пријатно. Исто така и луѓето на улица може многу да ви бидат од корист ако забележат дека сте малку загубени.

Пред извесно време ми пријдоа луѓе кои ме прашуваа дали ми треба помош да го најдам патот. На некој начин ова позитивно искуство се одрази на мене за рангирање на различни места како Германија, Холандија, Косово, Шпанија и Македонија. Но во Јапонија сеуште бев затечен од учтивоста и пријателскиот однос кои беа секојдневие. Се разбира, сретнав и нервозни службеници во продавниците или непријателски расположен персонал на аеродромот но генерално моето мислење за површните секојдневни релации беа повеќе лесни и учтиви отколку на други места.

Mathis Gilsbach (4)

Друг аспект на јапонската култура е гледањето со мешавина на восхит и чудење на изразената култура на младите од Јапонија. Во тие неколку години помеѓу средното образование и работа многу од младите изгледаат како да прибегнале кон суровата страна на некоја од суб-културите. Тие се најчесто прилично изразени во своето облекување или музика. Ова изгледа сосема спротивно на горе-наведената крутост на друштвото. Можеби тоа е неопходниот излез помеѓу училиштето и созревањето. И доста често овие суб-култури изгледаат комерцијализирани и составен дел од културната економија на земјата. Дека не само што јапонската младина се опира на културните норми со процветот на суб-културите може да се види од пред неколку години наназад. Една политичка кампања на владеачката партија да го смени Уставот поттикна движење водено од студентите и ги зачуди сите набљудувачи што ја гледаа младината како летаргична и неполитизирана.

Mathis Gilsbach (1)

Друг аспект на јапоската култура е дека се изгледа дека добива уметничка форма. Постојат Суши-мајстори и школи за чај и се разбира, мајстори на мечување и Зен свештеници. Ова посебно се однесува на културните традиции и се разбира дека е нереално да се очекува да ве послужи Суши-мајстор во секој од илјадниците места за суши низ цела Јапонија. Моето искуство вели дека насекаде се провлекува перфекционизмот низ јапонското друштво. Така за возниот ред се тврди дека е секогаш навремен. Или поточно тие се пофалени од другите бидејќи се премногу скромни да се пофалат самите себе си. Подароците се пакуваат во нежни и префинети пакувања. Ова се само примери кои покажуваат за стремежот кон перфекционизам не само во школите за самураи.

Секогаш е тешко да се даде одредена слика за одредена култура или земја. Посебно што секоја култура е сложена, со повеќе нивоа и подложна на постојани промени кои се појавуваат и старите традиции кои се на залез или во трансформација. Како и да е, се надевам дека овј натпис дава увид во некои аспекти од јапонското општество кои се помалку познати или за кои се зборува помалку во другите земји.

Матис Гилбах

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this:
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close