Преку игра и забаба до социјална инклузија

19-ти Септември. Во три часот наутро, се собравме сите на зборното место. Со насмевки на лицето тргнавме во една далечна, за нас непозната дестинација. Романија е државата, која ќе биде наш домаќин. Ние 10-тина, заедно со двајца лидери, тргнавме во нова авантура. Возбудени и среќни, го започнавме нашето патешествие. Прва станица ни беше главниот град на Бугарија, Софија. Тука ни се придружија уште толку млади луѓе, со кои заеднички поминавме 10 дена, во гратчето Костинести, во Романија.

Патувавме долго. Стигнавме во едно преубаво гратче на Црно Море, каде не пречекаа љубезни домаќини. Утрото, се разбудивме со нови сили, нестрпливо очекувајќи ја средбата со другите учесници во проектот од: Чешка, Словачка, Унгарија, Бугарија и Романија. Првиот ден, наговестуваше прекрасно дружење. Се запознававме преку игри, кои фасцилитаторите ни ги имаа подготвено. Бевме среќни и расположени, иако активностите траеја скоро цел ден. Вечерта, со музика се забавувавме. И така секој ден: многу активности, вечерна забава, чист воздух, мирна околина…тоа беше сликата за нашиот престој во Костинести.

За кратко време почнавме да функционираме, како едно семејство. Ја посетивме и убавата Костанца. Мирисот на алгите не пратеше насекаде. Уживавме. Деновите ни минуваа несетно. Најтешка ни беше разделбата. Непознатите ликови, километри оддалечени од мене, за 10-тина дена ми станаа блиски пријатели. Солзите од последниот ден, ќе ги паметам засекогаш. Тажните лица и искрените, цврсти прегратки и денес ги чувствувам.

Проектот насловен „Социјална инклузија“, беше прекрасно искуство за мене и за моите другари. Се вративме позрели, посамостојни и побогати за многу нешта. Неизмерно сме благодарни на програмата „Erasmus +“, која ни овозможи да искусиме вредности, бидејќи само така ќе ни се отвораат видиците и ќе бидеме во чекор со современото живеење.

Филип Миноски

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: