Од 17-26 март во Балан, Романија се реализираше Еразмус+ Младинската размена насловена “Entrepreneurial youths”. Поттикната од големата стапка на невработеност како и индиферентноста кон младите претприемачи оваа размена создаде еден поинаков свет, свет во кој младите менуваат работи и стануваат движечка сила за промените во општеството.
Балановата енергија спои пеесетина млади учесници од неколку земји: Турција, Словачка, Бугарија, Романија и Македонија. Сите учесници преку различни активности учеа како да бидат носители на промени во своите заедници преку примена на претприемачките вештини што им беа презентирани на обуките.
Активностите ја вклучуваа основата за успешно функционирање во светот на претприемништвото. Преку разни предавања и дебати се изготвуваа бизнис планови, се решаваа кризни ситуации и се поттикнуваше креативноста како иницијална каписла за активирање во светот на претприемништвото. Исто така, се обрнуваше внимание и на сите формални почетни чекори вклучувајќи го финансискиот дел како и регистрација и start-up на бизнис.
Во десетдневното дружење, покрај поттикнувањето на критичка мисла и размислувањето како претприемач имаше и забавен дел исплнет со најразлични energizers, планинарење, организирани забави, интеркултурни вечери и еднодневната прошетка во градот Брашов. Во општината Мијеркуреја Чук се запознавме и со можностите кои ги нуди Европската Унија за областа Харгита.
Целиот труд кој што учесниците го вложија за време на размената вроди плод наречен Youthpass, кој го добија сите учесници како доказ за нивната работа таму. Овој Youthpass отвора многу врати за понатамошно образование од неформален тип како и соработка со Еразмус+ програмата. На 26-ти март размената успешно се затвори и сите учесници заминаа како претприемачи со убави сеќавања.
Автор: Борјана Атанасовска
Leave a Reply