Неjзината приkазна: Греjс Хопер

Сте помислиле ли некогаш на почетоците на компјутерската ера? Од каде потекна првичната идеја? Кој беше креаторот на технологијата што денес ја користиме? Дали сте помислиле дека некои жени би можеле да бидат рамноправни креатори на оваа голема идеја за компјутери и програмирање? Еве ја приказната за една од нив.

HERstory 1Одличен пример за жените во СТЕМ (Наука, Технологија, Инжињерство и Математика) е Грејс Хопер. Грејс била американски компјутерски научник и резервен Морнарички Адмирал на американската војска. Родена во 1906 година, а почината во 1992 година на 85-годишна возраст. Отсекогаш била љубопитно дете. Можеби и затоа се пријавила уште најрано на Васар Универзитетот но тогаш била одбиена. Но веќе следната година била примена и завршува Математика и Физика. Веднаш потоа продолжува на Јеил Универзитетот каде во 1934 година се здобива со Докторат, со што станува една од првите неколку жени со ова ниво. Таа има помогнато во развојот на повеќе компјутерски јазици. Таа предавала на Васар Универзитетот до почетокот на Втората Св, Војна кога се придружува на резервниот состав на американската морнарица. Со нејзиното математичко познавање назначена е во проектот на Бирото за борбени пресметки на Харвард Универзитетот каде научува да програмира Марк 1 компјутери. По Војната останува како истражувач на Харвард но посакува да се испроба и во приватната индустрија. Тоа ќе ја доведе во контакт со Екерт-Мочли корпорацијата за компјутери, а потоа во Ремингтон Ренд каде заедно со нејзиниот тим ќе ја објават првата збирка од компјутерски јазици. Нејзината идеја за превод на математичкиот јазик во машински код не била одобрена во почетокот. Требало да поминат 3 години за нејзината идеја да биде промовирана и да се реализира. Во 1952 година, COBOL компјутерски јазик за процесирање на податоци кој и денес се користи, го имаше својот почеток. Нејзиниот придонес во светот на програмирањето и компјутерска технологија е значителен.

Таа има добиено многу признанија од многу престижни институции и организации. Нејзиното име е симбол за новата технологија и таа се смета за еден од пионерите во програмирањето во модерната компјутерска ера.

alexander-andrews-fsH1KjbdjE8-unsplashГрејс Хопер е извонреден пример за човечката љубопитност и потенцијал. Всушност, таа е пример за многу жени во науката, на кои не им е оддадена доволна почит низ историјата. Таа е исто така и икона за многу жени во СТЕМ дури и денес, како и на многу други кои не биле во можност да допринесат заради општествени предрасуди и стереотипи. Иако изминаа повеќе декади во борбата за родова рамноправност на работното место, сеуште сме сведоци на малата застапеност на жените на полето на науката. Според базата на податоци на ОН само 30% од светските истражувачи се жени. Околу 17% од вработените во СТЕМ се жени и 5% од нив на лидерски позиции во технолошката индустрија. Објаснувањата за ниската застапеност на жените во СТЕМ се повеќе. Најнапред, дискриминацијата во науката и инжинерството се сеуште присутни. Мажите сеуште се сметаат за покомпетентни и пожелни за вработување од жените и покрај истото ниво на спрема и вештини. Како второ, сеуште постојат стереотипи за типична машка и женска работа по однос на побарувања и предиспозиции. Стереотипниот научник или поединец во СТЕМ професиите во најчестите претстави е маж.

На жените исто така им недостасува пример за жена на ова поле. Сеуште е изненадувачки, особено кога гледаме голем пораст на придонесот на жените на академско ниво. Оваа очигледна нееднаквост е мониторирана од Обединетите Нации и од еден од најголемите проекти на УНЕСКО е САГА (СТЕМ и родова еднаквост). Постојат многу организации кои се борат за родова рамноправност во СТЕМ бидејќи, како тие забележуваат, постои голема потреба од одреден женски допринос. Имиџот на „Машки клуб“ треба да се надмине бидејќи технолошкиот сектор игра важна улога во креирањето на нашата иднина. Затоа разноличноста и еднаквоста се есенцијални ако сакаме тоа да се одвива комплетно и свесно.

А Грејс Хопер секогаш викаше: „Луѓето имаат невидено голем отпор кон промените. Тие обожаваат да кажат: Отсекогаш сме работеле на овој начин. Јас се обидувам да се изборам против тоа.“. Да се обидеме тогаш да го направиме тоа на поинаков начин.

Викторија Мориц
Преведувач: Горан Галабов

Извори:
https://en.wikipedia.org/wiki/Grace_Hopper
https://edition.cnn.com/2020/01/27/world/women-in-science-you-should-know-scn/index.html
https://www.biography.com/scientist/grace-hopper

Context


http://www.unesco.org/new/en/natural-sciences/priority-areas/gender-and-science/improving-measurement-of-gender-equality-in-stem/women-in-science-explore-the-data/
https://en.wikipedia.org/wiki/Women_in_STEM_fields#Explanations_for_low_representation_of_women

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: