-
Добредојде Бланка, нашиот нов ВЕТ студент од Шпанија
Здраво! Јас сум Бланка од Шпанија (Барселона), моментално престојувам во Македонија, живеам прекрасен живот, ги уживам сите придобивки што оваа земја може да ги понуди и откривам нова култура и нов начин на живот за првпат, учам да живеам со себе си и со моите Еразмус пријатели што ги запознав кога дојдов овде. Се чувствувам…
-
Волонтирај
Сакам да ви ја раскажам мојата приказна за тоа како станав младински работник и волонтер. После повеќе од 20 години работа во канцеларија, решив да ја напуштам работата и да сменам нешто во мојот живот. Секогаш ме привлекувало да помагам на луѓе кои се нашле во неповолна ситуација и на кои им е потребна помош.…
-
Тренинг курс во Драч – Албанија. Младите и волонтерството
Од 2 до 11 октомври се одржа тренинг курс во Драч – Албанија со работен наслов “Volunteering connecting communities / VCC” организиран од Beyond Barriers. Овој тренинг курс е дел од четвртата активност на проектот, обука на младинските работници за волонтерскиот менаџерски циклус. Главната цел на обуката е поддржување на професионалниот развој на младинските работници…
-
Дарот на уметноста
Само едно елегантно и нежно движење на четката успева да ги пренесе сите чувства на платно. Сета омраза и љубов, среќа и тага, секоја мисла. Игра на бои и на форми. Чувства претворени во уметност. Ниту еден збор не е потребен за да се разбере пораката на ова ремек дело. Секој тоне и се задлабочува…
-
Убавината на годишните времиња
Во разни делови од светот се среќаваат четири годишни времиња; секое од нив се одликува со посебни карактеристики и пејзажи, со бои и климатските тенденции. Тоа се: пролетта, летото, есента и зимата. Ние во Европа ги среќаваме сите нив во различни периоди од годината но не сите земји имаат годишни времиња. Зошто тие се среќаваат…
-
Душата на старите предмети
Како ќе ја опишете вашата работа? Кој е најтешкиот дел, се исплати ли работата во антикварница?Мојата работа е исклучително благородна затоа што со нејзина помош можам да помогнам на многу луѓе што се социјално загрозени и едноставно имаат проблеми со финансиите. Од друга страна, најтешко ми е кога не можам да им помогнам. Што се…
-
Добредојде на Пол, нашиот нов волонтер од Франција!
Добро утро на сите! Моето име е Пол (за поблиски пријатели) и доаѓам од Франција, малото гратче Дижон. Откако ја стекнав мојата диплома по литература, дополнително работев во разни дејности: фабрика, фарма, продавница. Сепак она што најмногу ме промени беше работата во граѓанската служба во пензионерски дом. Таму ја стекнав мојата желба да помогнам, да…
-
Добредојде на Лусил, нашата нова волонтерка од Франција!
Здраво на сите! Јас сум Лусил од Бретања (најдобриот регион од Франција!). За време на моите студии од Меѓународен бизнис имав можност да живеам помеѓу шест и дванаесет месеци во Бразил, Кина, Индија, Индонезија и Виетнам. По моето магистрирање се вратив во Индија на 2 години да работам како бизнис менаџер во локална консултантска фирма…
-
VOICES October 2020
Hello again, Greetings from downtown Skopje! Back in 2003, the talented composer Matthew Bellamy from Cambridge wrote “Our time is running out”. For this October edition, we invite you to think of the time in its wide meaning with us and our cross-border fellowship of writers. Angela brilliantly highlights the fascinating nature of seasons: familiar…
-
Прелудиум во е-мол (опус 28, број 4) – Фредерик Шопен
Септември. Почеток на новата учебна година. Час по математика. Мене ми доаѓа редот да се претставам. Која сум јас? Кога би одговорила… Кога не би морала да се справувам со судењето на другите и искрено би одговорила, би рекла дека јас сум само девојка која очајно сака да биде сакана, колку што и самата сака.…











