TOGETHER 4 OUR ENVIRONMENT

“Заедно за нашата животна средина” е проект кој започна со 46 млади, активни, еко- пријателски и мотивирани луѓе од 6 различни земји како Македонија, Франција, Словачка, Романија , Литванија и Шпанија на 25-ти јануари кои беа дел од една авантура на островот Реунион и траеше до 5ти Февруари 2016 година.

Reunion Cilaos-16

Волонтерски Центар Скопје имаше 7 претставници на овој проект.

Но, ниту една голема приказна не започнува со јадење салата на трпеза, па така и нашата.

Проектот беше поделен во 2 дела и две различни области на островот. Првиот дел од проектот беше авантуристички и реализиран во Силаос [Cilaos] на планините и вториот дел на плажа која го одзема здивот Ла Салин ле Беин[Le Saline Bains] на Индискиот Океан.

20160204_120915

Целта и причина за ова патување беше проектот во рамките на Еразмус + младинска размена “Заедно за нашата животна средина”.

Овој проект е дел од активно граѓанство, но и заштита на животната средина преку селективен процес за собирање на отпад. Тоа беше одлична можност да се вклучат младите активисти во процесот на рециклирање и намалување на отпадот. Покрај рециклирање зборувавме и за загадениот воздух и последиците кои настануваат од него, електромагнетните бранови, како и предности и недостатоци од генетски модифицираната храна.

Reunion Cilaos-18Reunion Cilaos-17

Патување до Питон де Неж Се’ уште активен вулкан со неверојатен поглед насекаде околу нас надополнет со прекрасно зајдисонце над облаците. За да се качиме на највисоката точка на островот Реунион и  Индискиот Океан ни требаа 2 дена.  Првиот ден стигнавме во планинарскиот дом на 2 600 м. надморска височина каде следуваше ручек и одмор. Во текот на вечерта се релаксиравме и  уживавме во набљудување на ѕвездите и Млечниот пат со мислата дека сме на јужната хемисфера на Земјата, повеќе од 9000 километри од нашите родни места.Тргнавме рано изутрина за да го пречекаме изгрејсонцето на врвот Питон де Неж [Piton des Nieges] на 3071м.

Reunion Cilaos-30Reunion Cilaos-2
Конечно! 8 часа искачувања, болка, замор… но изгрејсонцето и погледот од врвот беше восхитувачки! Едно од најдобрите искуства во мојот живот. Пог ледот кон сонцето како доаѓа од некаде далеку на хоризонтот навистина прави да се чувствувате како да сте на врвот на светот. Од моментот кога ја видов првата сончева светлина, сфатив зошто луѓето се искачуваат на највисоките планини, дури и кога ги ставаат своите сопствени животи во ризик. Потоа се вративме назад во Силаос со незаборавни спомени и бевме подготвени за други активности на отворена животната средина. Вториот дел од проектот беше реализиран на крајбрежниот град Ле Салин ле Беин  на Индискиот Океан. Имавме можност да го истражуваме островот, да дознаеме на кој начин локалците се грижат за островот и ѓубрето кое настанува, дали и како луѓето рециклираат, како ја зачувуваат средината во која живеат. Имавме можност да видиме како до секој супер маркет има корпи за рециклирање, но и на шеталиштата се’ со цел да се зачува природната средина.Целта на организаторите беше учесниците да го запознаат островот што е можно повеќе и да го искусат различниот животен стил на локалниот народ кој живее таму. За време на сесиите дискутиравме за намалување на отпадот, повторна употреба и рециклирање. Бевме поделени во интеркултурни групи, каде сите ги кажувавме искуствата од своите земји и дававме нови идеи и решенија како да почнеме со селективно рециклирање во нашите животни средини.  На крајот од нашето патување разговаравме за позитивните, и негативните искуства кои ги доживеавме на островот Реунион, како и за планираните цели и нивното постигнување за време на проектот.

12719525_10208739745311952_4334857814574028158_o
За крај, проектот и патувањето во Реунион беа единствено неповторливо искуство кое го препорачувам на секого. Затоа вклучете се во активното граѓанство, бидете зелени и чувајте ја животната средина. Проектот беше организиран од страна на француската организација за Француската меѓународна соработка -OFCI со поддршка на програмата Еразмус +.

12710923_10208739744391929_1597512161737225991_oNikola Stankoski – Maja Nevchevska Stankoska

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: