Кампања на МХД УМКА – Скопје
Активни граѓани
Од 5 јуни до 30 Август МХД УМКА Скопје ќе ја реализира кампањата Активни граѓани. Кампањата е дел од проектот Хомо Еуропеанус кој е финансиран од програмата Европа за граѓаните и е во траење од 15 месеци. Главна цел на кампањата е да потикне поголема свесност за значењето на активното граѓанство. Фокусот е на активните граѓани како носители на развојот на едно демократско општество. Особена е важноста на секој индивидуалец и неговите ставови и инолвираност. Главна целна група на оваа кампања се пред се младите луѓе кои како посебна социјална категорија се прилично пасивни и не инволвирани во општествените процеси, посебно во процесот на одлучувањето.
Главни активности во кампањата ќе бидат двата информативни денови како и фото конкурсот на тема Активни граѓани.
Повеќе информации за кампањата и воопшто активностите во рамките на проектот може да добиете на веб страната на МХД УМКА – Скопје


Како и на веб страната на проектот.


Leave a comment