Во периодот од 17-ти до 26-ти jуни, Волонтерски Центар Скопје, во соработка со организацијата ARKTOS од Антверпен, Белгија, во прекрасното село Брајчино под Пелистер ја организира младинската размена ,,Increasing Quality of Youth Work: Vulnerable Youth in Focus” (,,Подобрување на квалитетот во младинската работа: фокус врз млади од ранливи категории”) заедно со партнерите од Шпанија, Летонија, Хрватска и Грција. На овој проект учествуваат 40 млади лица на возраст од 16 до 30 години. Проектот се фокусира на млади од ранливи категории, односно за младите кој доаѓаат од рурални средини, бидејќи оваа група се соочува со многу предизвици во земјите-учеснички и младите луѓе од руралните средини немаат квалитетни активности што им даваат можност за личен и професионален развој.
Како дел од активностите на размената, учесниците ја фотографираат природата и архитектурата во овој дел од преспанскиот регион, снимаат кратки видеа интервјуирајќи ги жителите, и организираат акција за средување и разубавување на местата за одмор на неколку точки низ селото.
Исто така, проектот е одлична можност за интеркултурно учење, каде покрај меѓусебното дружење, учесниците од секоја земја ја презентираат својата држава преку разни информативни видеа, традиционални песни, храна и пијалоци при што покрај учесниците, учествува и локалното население кое исто така е вклучено во активностите, и за тоа од голема помош ни е соработката со локалното здружение ,,Брајчино” и нивните членови.
Во Сабота (24.06.2017)ќе се организира презентација на програмата Еразмус + на која ќе се претстават можностите за младите од Македонија, особено за младите кој живееат во руралните средини на преспанскиот регион, а настанот ќе биде заокружен со изложба на фотографии направени од учениците и музичко шоу.
Во продолжение може да видите дел од атмосферата на овој проект.
Овој проект е финансиски поддржан од програмата Ерасмус + преку Националната Агенција на Белгија –“JINT”.
Leave a Reply