Voluntourism vs Volunteerism

Како научив за вистинското значење на тоа што е волoнтирање и што всушност значи да се биде добар волонтер? Сето тоа е благодарејќи на проектот што се оддржа во Буштени, Романија.Темата на проектот беше „Voluntourism vs Volunteerism“ и прокетот вклучуваше учесници од осум земји со кои што работевме и учевме заедно од 16 до 25 Октомври.

received_452624465603673

Кога се вклучуваш во проект никогаш не знаеш што да очекуваш. Дали ќе има добра атмосфера за работа? Дали проектот ќе биде добро организиран? Дали ќе се сложуваме со волонтерите од другите земји? Ова се прашањата кои што си ги поставував и самиот пред да дојдам во Буштени. И можам да кажам со апсолутна сигурност дека овој проект ми ги надмина очекувањата многу повеќе од колку што би можел да замислам. Ќе почнам со тоа што фасилитаторите, луѓето кои што го организираа проектот, го направија тоа без грешка.Никогаш не се чувствуваме  изморено, никогаш не ни беше здодевно, секоја активност што ја правевме, го уживавме секој момент  од истата. Интерактивниот начин на работа и давањето на простор на учесниците да дојдат до свои идеи и да бидат тоа што се и да се чувствуваат самоуверено се тоа беше перфектно направено, исто така и дебатата која што ја оддржавме, за мене прва дебата и не само за мене туку и за најголемиот дел од учесниците тоа беше прво искуство во дебата но со помош на фасилитаторите тоа стана едно од моите најдобри Ерасмус+ искуства. Ние дури и добивме шанса да бидеме модератори на наша работилница и да го осетиме чувството како е да се води работилница. Навистина ми се допадна тоа затоа што тоа беше моето прво искуство како модератор и исто така прво искуство со водење на работилница со толку многу важна тема. Научивме многу работи за кои не сум знаел претходно. Учевме и дискутиравме за проблемите со кои се соочуваме сега поради недостиг на мотивација и неодговорноста на волунтуристите кои што се луѓе кои одат на прокети со други приоритети без да им биде грижа за што всушност е проектот. Сепак работевме и учевме на таков начин што беше забавен,интересен и многу продуктивен.

Мислам дека секој еден учесник научи многу и после прокетот замина дома како подобра личност и подобар волонтер благодарение на самиот проект. Како го знам тоа? Тоа го знам затоа што имавме „дрво на знаењето“ кое што го поставивме на почетокот на проектот,на кое што си ги ставивме имињата долу за на крај на проектот во зависност од тоа колку си научил и добил од проектот требаше да си го ставиме името подолу или погоре. Сите имиња на крајот беа поставени погоре што беше многу добро да се види затоа што добив чувство дека проектот беше навистина успешен и корисен.

received_2566379043645100

Исто така кога станува збор за пријателството и комуникацијата што ја имавме меѓу нас, учесниците, останувам без зборови. Имам чувство дека запознав многу различни луѓе, од различни земји, но тоа не не спречи да бидеме најдобри пријатели за времето додека бевме во Романија но и после тоа, после прокетот. Активностите надвор, на отворено, активностите за градење на тимови,работењето во тимови со луѓе од други земји, патувањата што ги имавме, навистина многу помогнаа за градење на подобра врска со луѓето кои што беа странци само неколку дена претходно. Никогаш не помислив дека би можел толку многу да се зближам со луѓе што не ги ни познавав пред една недела. Можеби не се познававме многу време но станавме многу  блиски едни со други во многу краток временски период. За време на рефлексија имавме многу забава и мислам дека тие спомени ќе ги паметам и исто така луѓето кои што ми помогнаа да ги создадам тие спомени. Како што минуваа деновите така дојде и последниот ден и требаше да си заминеме. Не сакав да си заминам, и имам чувство дека никој не сакаше да си замине затоа што сите се вљубивме во Буштени и колку многу забава и дружење имавме изминатите денови таму. Беше навистина тешко збогум. Но исто така бев и среќен затоа што си заминував со многу повеќе знаење,пријатели и спомени кои што можам да ги пренесам на други луѓе во Македонија.

received_2822648901078620

Навистина е тешко да се опфати се во еден текст особено кога бил извонреден прокет и за крај сакам само да ги охрабрам и другите млади луѓе да се вклучуваат во проекти и волонтерска работа затоа што спомените,знаењето и искуствата што се добиваат  се навистина непроценливи.

Илија Ристов

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: