Потеклото на индоевропските јазици

Францускиот звучи романтично, германскиот е агресивен, италијанскиот страствено – навистина се идентификуваме со јазиците. Нашиот мајчин јазик е дел од нашата култура, нашето детство, нашите обичаи. Јазикот го обликува нашиот идентитет, влијае на нашиот начин на размислување. Создава заедница и чувство на припадност. Дури и во рамките на истиот јазик, дијалектите и сленгот го откриваат вашето потекло, па дури и политичките ставови.

Европските јазици се разновидни како и европските луѓе, но, сепак, сè уште ја споделуваат историјата.

Не е познато како точно еволуирале индоевропските јазици. Некои велат дека потекнуваат од понтичко-касписката степа, лоцирана во денешна јужна Русија и југоисточна Украина. Според оваа теорија, јазикот бил раширен од номадски племиња пред околу 5.000 години. Некои тврдат дека потекнуваат од Анадолија пред околу 9.000 години и се ширеле преку аграрните култури.

Во секој случај, постои идејата за „прото-индоевропски“ јазик, од кој еволуирале сите индоевропски јазици, вклучувајќи ги романскиот, словенскиот, германскиот и иранскиот јазик. Нема писмен доказ за „прото-индоевропски“, што значи дека е реконструиран јазик. Тоа беше проследено наназад од сличностите пронајдени во современите и мртвите или изумрените индоевропски јазици, за кои има пишани докази како што се латинскиот и готскиот, источно-германски јазик.

До денес, индоевропските јазици споделуваат многу сличности, дури и ако тоа не е очигледно на прв поглед. Колку поблиску се поврзани јазиците, толку повеќе имаат сличности, како во граматиката, така и во вокабуларот.

Поблиските јазици може да се сметаат како гранка на индоевропските јазици. Некои под гранки, како Анадолискиот, се изумрени. Денес, постојат германски, романски, балтички, словенски, грчки, албански, ерменски, индиски, ирански и келтски јазици.

Во истата гранка, сличностите се сосема очигледни. На пример во романските јазици, кои се развиле од латинскиот, постојат слични зборови како францускиот збор „frère“ и италијанскиот збор „fratello“. Од друга страна, англискиот збор „брат“ наликува на германскиот збор „Bruder“.

Исто така, има многу зборови кои се „позајмени“ од старогрчки или латински, кои се појавуваат во многу индоевропски јазици. На пример, македонскиот збор „автомобил“,  германскиот збор „auto“ и стариот француски збор „automobile“ се речиси идентични и сите потекнуваат од грчки.

Зборот „брат“ е исто така добар пример за сличности помеѓу различни гранки, во овој случај германски, словенски и романски јазици, дури и ако зборовите на почетокот изгледаат различно.

Германски: “brother”, “Bruder”, “broder”

Романски: “frater”, “fratello”

Словенски: “brat”, “брат”

Во споредба меѓу латинскиот „frater“, англискиот „brother“ и рускиот „брат“ (brat), најголемите разлики се буквите „f“ и „t“ во романскиот, наспроти „b“ и „t“, „th“ и „d“ во германскиот и словенските јазици. Ова може да се објасни преку различните поместувања на самогласките што се случиле во индоевропските јазици. Првото поместување на самогласките се случи за време на промената на латинските самогласки, каде што латинските јазици ја сменија буквата „б“ во „f“. Од друга страна, за време на поместувањето на германските самогласки, буквата „t“ се сменила во „th“. Подоцна на германски, „th“ стана „d“ поради промената на германската самогласка.

Има и граматички сличности меѓу индоевропските јазици. На пример, постои широко распространета пасивна форма, изградена со глагол за поврзување и минато партицип.

Англиски: The wall is painted.

Полски: Ściana jest pomalowana.

Француски: Le mur est peint.

Албански: Muri është pikturuar.

Овој вид пасив најчесто и се користи само во индоевропските јазици како романскиот, германскиот, словенскиот, некои индиски, ирански и келтски и други јазици на Балканот како албанскиот, на пример.

И покрај сите сличности, различните индоевропски јазици ги делат културите. Понекогаш, зборувањето на ист јазик зближува повеќе отколку националните граници. Постојат јазици што се зборуваат во повеќе од една земја и земји, каде што се зборува повеќе од еден јазик. Зборувањето или неговорењето јазик може да ја одреди моќта, поради што е важно да се препознаат јазиците на малцинствата.

Ромски, на пример, се зборува во многу земји. Сепак, како официјален јазик се користи само на локално ниво во општина Шуто Оризари во административниот регион Скопје и во Косово. Инаку, често се препознава како малцински јазик.

Јазиците ни покажуваат како културите ги надминуваат границите. На овој начин ни ја покажуваат и историјата како, на пример, романските јазици, кои се рашириле поради Римската империја. „Европски“ јазик никогаш не бил воспоставен. И додека „прото-индоевропскиот“ може да звучи како начин да се надминат поделбите во Европа, постојат добри причини да не се форсира индиско-европски јазик. Покрај логистичкиот дел, ниту еден конструиран јазик никогаш не се развил во широко говорен јазик. Најдобриот обид беше „есперанто“, јазик измислен во Полска, кој беше замислен да биде лесен за учење врз основа на многу, главно европски јазици. Требаше да биде неутрален, втор јазик и сите да го користат. Денес, овој јазик го зборуваат најмногу 2 милиони говорници, па заклучокот е дека овој концепт не беше доволно добар за да се пробие, бидејќи никогаш не бил официјален јазик. Наместо тоа, англискиот е најзборуваниот јазик во светот.

Сепак, индоевропските јазици споделуваат повеќе отколку што мислиме. Ова е нешто што треба да се запамети.

Јохана Крауткрамер

Превод: Горан Адамовски

Извори:

Wissenschaft.de – Ursprünge der indoeuropäischen Sprachfamilie

Youtube.com – What If European Countries Were Divided By Language? 

Youtube.com – Europas Sprachen 

Youtube.com – Das Vernersche Gesetz 

Britannica – Indo-European languages | Definition, Map, Characteristics, & Facts

Dwds.de – ›Bruder‹ in: Etymologisches Wörterbuch des Deutschen

Youtube.com – Standard Average European: The European Sprachbund 

Wikipedia.org – Esperanto

Wikipedia.org – European languages

Wikipedia.org – Romani language

Related posts