Македонски

Џудо

1

Џудо е боречка вештина, која потекнува од далечниот исток и истото настанало од бројните школи на џиу-џицу кои во Јапонија се пренесени од Кина. Настанокот на џудото се поврзан со името на Џигоро Кано (1860-1938), кој во 1882 година, со формирањето на Кодокан институтот, го официјализира настанокот на џудо вештината. Уште во првите години кодокан-џудото ги регистрира своите предности, особено во 1886., кога на еден организиран натпревар, припадниците на кодокан извојувале повеќе победи над припадниците на џиу-џицу, а интересно е да се напомене дека победите ги освојувале на доста лесен начин без поголеми грубости и телесни повреди. Затоа можеме да кажеме дека џудото е боречка вештина каде што целта е да се извлече или исфрли противникот, контролирајќи ја физичката и менталната енергија без задавање на удари. Зборот „Џудо” е составен од два дела (џу-до) каде што првиот дел значи „нежен” или „благ”, додека вториот дел значи „пат” или „начин”. Од настанокот, па до денес, џудото е во благ, но постојан подем и за кратко време достигнува светска популарност, најпрво како дел од обуката на полицијата и војската, а нешто подоцна и како спорт и рекреација. Во 1928 година со посетата на Џигоро Кано на Европа се дефинираат правилата на џудото како спортска дисциплина, а во 1934 година е одржан првиот европски шампионат за џудо. Во 1964 година џудото за првпат се појавува на олимписките игри во Токио, а подоцна и натпреварите за жени односно во 1992 година.

Правилата во џудо се следните: Натпреварите се одржуваат на ограничен простор на мека подлога односно душеци, со цел да се избегнат повреди при паѓање. Облеката е составена од широки панталони, кимоно и појас во боја со кој се означува категоријата и искуството на натпреварувачите. Црниот појас е вообичаено највисокиот, но со долгогодишна активност може да се стекнат и седум повисоки. Највисоките можни се 9. и 10. ниво, кои се означуваат со црвен појас. Традиционално при почетокот на натпреварот, натрпеварувачите застануваат лице во лице на оддалеченост од четири метра и се поклонуваат. Кај натпреварувачите се вреднува техниката, а при секоја директна победничка техника се доделува еден поен кој се нарекува ипон. Ипон се доделува за подигање на противникот над висината на рамениците, силно фрлање, успешно гушење, зафат на држење како и за исфрлување на противникот надвор од обележаниот простор. Исто така, се доделуваат и казнени поени за пасивност или задавање удари во лицето или телото на противникот. Доколку се доделат вкупно три казнени поени противникот се прогласува за победник. Времетраењето на натпреварот најчесто е ограничено на три минути, но можни се и промени во зависност од категоријата и возраста на натпреварувачите. Победник е оној натпреварувач кој по истекот на времето има освоено највеќе ипони, а најмалку казнени поени.

4

Во Македонија, џудото се појавува во 1962 година и за кратко време младината пројавува голем интерес за овој боречки спорт и од Скопје се пренесува во Битола, Велес и Прилеп, а потоа и во другите градови. Првото официјално првенство во Македонија во поединечна и екипна конкуренција  се одржа во 1967 година. Истата година, македонската репрезентација настапи и на екипното првенство на поранешна Југославија. Во наредниот период македонските џудисти постигнаа значајни резултати во силната конкуренција на поранешна Југославија, а особено се истакнаа Звонко Јаневски и Мустафа Фетаху. Во тој период повеќе македоски џудисти се стекнаа со мајсторски појаси, а најуспешен клуб во тој период беше „Вардар” од Скопје. По осамостојувањето на Република Македонија, Џудо федерацијата на Македонија е примена во полноправно членство на Европската Џудо Унија и Меѓународната Џудо Федерација. Во последните неколку години македонската редовно учествува на Балканските и Европските првенства, постигнувајќи значајни резултати.

Милан Ѓапиќ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

w

Connecting to %s